Годинашната 92. церемонија на доделување на Оскарите во театарот „Долби“ во Лос Анџелес чинела вкупно 44 милиони долари, е објавено на финансиската веб-страница „WalletHub“.
Како што се додава, само за црвениот тепих биле потрошени 24,7 илјади долари. За поставувањето на црвениот тепих, со површина од 1,5 илјади квадратни метри, биле потребни 900 часови работа и бил ангажиран тим од 18 лица.
Дел од тепихот ќе биде рециклиран, а дел ќе биде дониран во хуманитарна организација.Во големата сала на театарот „Долби“ биле поставени околу шест километри електрични кабли и околу два километри драпериja за гала приемот по доделувањето на Оскарите.