Бредли Купер на доделувањето на Оскарите снимен во разговор со поранешната девојка

Девет години по раскинувањето на врската, Бредли Купер и Рене Зелвегер се сретнаа на доделувањето на Оскарите. Фотографите ги снимиле како разговараат во одлично расположение, докажувајќи дека не останале во лоши односи по раскинувањето.

Ова е втора година по ред како се коментира однесувањето на Бредли кон неговите партнерки.

https://www.instagram.com/p/B8YI3CrIIBI/?utm_source=ig_embed

Минатата година главна тема беше неговата блискост со филмската партнерка Лејди Гага. Иако неговата тогашна животна партнерка и мајка на неговата ќерка Ли, Ирина Шајк, беше целосно смирена поради тоа, неколку месеци подоцна нивната врска заврши.

На крајот немаше ништо со Гага, бидејќи пејачката пред неколку дена потврди дека има ново момче.

Купер (45) и Зелвегер (50) биле во врска две години и живееле заедно.

Треба да знаете
Последни објави