Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни седум натпревари.
Хјустон и покрај трипл-даблот на Џејмс Харден (28 поени, 10 скокови и 10 асистенции) и 39. поени на Расел Вестбрук изгуби на свој терен од Јута со 113:114. Џордан Кларксон уфрли 30, а Донован Мичел 25 поени во редовите на Јута. Но херој на Јута беше Хрватот Бојан Богдановиќ, кој во последната секунда погоди тројка за победа. Јута се врати во победнички ритам, врза две победи откако имаше особено лоша серија од пет последовни порази. „Џезерите“ имат вкупен биланс од 34 победи и 18 порази што е доволно за четвртото место на Запад, Хјустон со ефект од 33-20 е шестопласиран во Конференцијата.
Fantastic finish in Houston! 🚨
Watch the best plays down the stretch as @44Bojan caps the @utahjazz thrilling W on the road! #TakeNote pic.twitter.com/jhqss5NcBY
— NBA (@NBA) February 10, 2020
Луд натпревар одиграа Атланта и Њујорк, Хокси славеа после две продолженија со 140:135 со 48 поени и 13 скокови наТрае Јанг. Кај Никси, Џулијн Рендлго заврши натпреварот со 35 поени и 18 скокови.
Младиот Турчин Фуркан Коркмаз одигра уште еден одличен натпревар, тој ја одведе Филаделфија до победа над Чикаго од 118:111. Коркмаз ја игра својата трета сезона во НБА. Против Чикаго постигна шест тројки и вкупно имаше 31 поен, пет скока и две асистенции и три украдени топки. Ова е втор натпревар во низа на кој Коркмаз постигнува 30+поени. Против Мемфис уфрли рекордни 34.
Клиперси беа убедливи против Кливленд со 133:92, Лу Вилијамсбеше најефикасен на натпреварот со 25 поени.
Портланд – Мајами 115:109
Оклахома – Бостон 111:112
Вашингтон – Мемфис 99:106