ВМРО-ДПМНЕ и Влатко Ѓорчев блокираат покачување наплатите во високото образование

Прес- конференција, Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ и Влатко Ѓорчев продолжуваат да работат директно на штета на граѓаните на Република Северна Македонија. На два три дена сме пред распуштање на Собранието, а Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ како претседател на Комисијата за труд и социјална политика се уште не закажува седница на Комисијата на која ќе се расправа за Предлог-законот за измена на Законот за исплата на платите. Со овој Предлог-закон  се овозможува и вработените во високото образование, односно вработените во државните универзитети да го добијат покачувањето до 10 проценти, исто како и нивните колеги од основното и средното образование.
Христијан Мицковски и Влатко Ѓорчев на директен начин попречуваат илјадници професори и вработени во високото образование да добијат покачување на платите од 10 проценти, кое им следува од 1 јануари оваа година. Доколку Предлог – законот не биде изгласан до распуштањето на Собранието, поради блокадата од ВМРО-ДПМНЕ,  вработените во високото образование со месеци нема да можат да го добијат покачувањето на платите што им следува.

Ги повикуваме пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ги повикуваме Мицкоски и Ѓорчев барем еднаш да размислуваат во интерес на граѓаните и да престанат да ги блокираат проектите коишто на граѓаните им обезбедуваат напредок и подобар животен стандард. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вистински се грижи за сите граѓани и реализира мерки кои директно влијаат на подобрување и олеснување на животот на сите.
Затоа граѓаните на 12 април ќе ги поддржат политиките на СДСМ, наспроти штетните и деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ, која работи само за заштита на личните и теснопартиските  интереси.
Треба да знаете
Последни објави