– Западен Балкан и европската перспектива на регионот била една од темите за кои разговарале шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и шефицата на шпанската дипломатија Аранча Гонзалез Лаја на нивната денешна средба во Мадрид, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерот за надворешни работи на Грција, по средбата рече дека земјите кандидати за членки треба да ги исполнат поставените услови, а предлогот на Европската комисија за реформа на пристапниот процес не треба предизвика дополнително доцнење.
-Имавме можност да разговараме за Западен Балкан и за нивниот интегративна перспектива. За Грција, оваа перспектива е пат во една насока. Неопходна е за стабилноста и просперитетот во регионот. Сметаме дека неодамнешниот предлог на Европската комисија за реформа на пристапниот процес не треба предизвика дополнително доцнење. Но, од друга страна, јасно ставив до знаење дека перспективите и на двете земји се поврзани со нивното усогласување со условите што се неопходни за нивниот европски пат, рече Дендиас.