Законот за ЈО помина на Влада и оди во Собрание со европско знаменце. До последен момент вечерва на седницата се усогласуваа ставовите меѓу Бујар ОСмани, Оливер Спасовски и Рената Десковска, пренесува 24.мк.
ТВ 24 веќе објави дека двете барања на ДУИ за албански јазик во ЈО и намалување на критериумите за избор на ЈО се прифатени. Прифатено е барањето на ДУИ да се намали стажот од 15 на 10 години за кандидат за јавен обвинител.Ќе се намалата и условите за избор на јавни обвинители од редот на судите.
Османи инсистирал во законот да влезе и третото барање на Али Ахмети за „бадинтер“, но не е дел од законот, бидејќи при избор на ЈО за организиран криминал ќе се бира со непосредно глсање на сите обвинители од државата.
Шесте независни пратеници, пак, преку соопштение ги испорачаа нивните услови – бомбите да не важат во нидена постапка, да не бидат основа за обвинението „Талир 1 и 2“, а сите снимени разговори од кои досега не се отворени постапки да се уништатат.
Заев смета и на гласовите на БЕСА и Алијанса на Албанците, a што се однесува до независните пратеници, не се очекува да гласа Елизабета Канчевска Милевска.