Единствениот настан на црвен тепих чија екстраваганца може да ѝ конкурира на таа на оскаровскиот црвен тепих е Vanity Fair Oscars, постоскаровска забава што ја организира модното списание Венити Фер.
Поканата за најдобрата забава во сезоната на доделување награди е една од најпосакуваните, тврди британски Дејли Мејл и додава „кетеринг од In-N-Out, забавни фотосесии, серија на селебрити портрети, танцување со Били Ајлиш и Саоирсе Ронан – кој не би сакал покана?“
Со години наназад црвениот килим на оваа забава знае да биде повозбудлив и поинтензивен дури од тој за ооскарите. Голем број актерки, пејачи и супермодели донесоа нова доза на смели стајлинзи на синоќешната забава во Центарот Валис Аненберг.
Ким Кардашијан (39) и нејзината сестра од милијарди долари Кајли Џенер (22) се појавија на раскошната забава во организација на Vanity Fair („Венити Фер“) и влегоа во натпреварот за најдобро облечени облини.
Тие им се придружија на славните актерки и супермодели како на пример Софија Вергара, Џеесика Алба и Емили Ратајковски, кои ги покажаа своите облеки на сивиот тепих.
Фустанот на Ким, кој предизвика воздишки кај присутните, е со потпис на британскиот дизајнер Александер Меквин.