Милиони Кинези се враќаат на работа по воведениот карантин поради коронавирусот, а многумина во договор со работодавачите ќе работат од дома.
Во голем број градови на сила се стриктни упатства за карантин, поради што фирмите бараат од вработените да работат од дома за да се намалат можностите за пренесување на вирусот.
Како што пренесува Си-Ен-ЕН, поради коронавирусот трпат многу компании, не само во Кина, туку и пошироко во светот.
Најмногу погодена е автомобилската индустрија, бидејќи Кина е најголем снабдувач на делови за фабриките за автомобили во светот.