Покрај сите блокади, кочења, противења и одолжувања на законот за Јавното обвинителство, Христијан Мицкоски доживеа пораз, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, и додаде дека законот значи оти нема скриена амнестија за криминалот и ќе следува одговороност за сите.
„Слабо, извршителу Мицкоски, не успеа! Кажи колку пати денеска ти се јави твојот шеф од Будимпешта да те караше што не успеа да го спасиш?“, рече Костадинов.
Портпаролот нагласи дека со законот за Јавното обвинителство првна разрешница ќе добијат сите судски случаи во кои обвинети се поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ, а меѓу нив и експремиерот Никола Груевски.
„Во законското решение нема скриена амнестија, секој за кој постои обвинение ќе си одговара пред институциите и тоа на Мицкоски и Груевски им е јасно. Бадијала извршителот Мицкоски се прави дека не е тука. Јавноста многу добро знае чии гласови се слушаа во бомбите и кои функцинери на ВМРО-ДПМНЕ договараа милионски тендери, планираа војна, местеа избори, крадеа, газеа, тепаа, злоупотребуваа. Бомбите остануваат докази до законскиот рок (30 јуни), а за другите предмети индиции. Законот гарантира дека сите судски процеси кои произлегуваат од СЈО ќе добијат своја правна разрешница преку професионална и фер постапка базирана на докази. Има добра основа да се донесе законот за ЈО. СДСМ е на страната на правдата“, рече Костадинов.