Лавров: Магливи чекори напред во односите меѓу Русија и САД

Американскиот претседател Доналд Трамп е расположен да ги подобри односите со Русија, но условите за тоа не изгледаат баш најдобро, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Лавров потсети дека тој и државниот секретар на САД Мајк Помпео, во Вашингтон минатиот декември се согласија дека Америка и Русија треба да имаат подобар однос.

САД го испратија својот нов амбасадор, Џон Саливан во Москва, кој ветува дека сака да помогне во напредокот за некои прашања, но исто така потенцира дека односот меѓу двете држави прво мора да се нормализира.

– Изгледа дека чекорите на напредокот се многу магливи, рече Лавров.

Тој исто така изјави дека минатата година соработката околу борбата против тероризмот била многу успешна.

Треба да знаете
Последни објави