– Кошаркарот на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин ги демантира пишувањата во турските медиуми дека ќе смени име по добивањето на турско државјанство. Еден од најдобрите плејмејкери на Евролигата ја прифати понудата за настап во репрезентацијата, а медиумите веднаш излегоа со информација дека ќе го промени и името во Дешејн Дејвис Каркин.
„Сите наводи во врска со менување на моето име се лажни. Името со кое сум роден е името што ќе го задржам и како државјанин на Турција”, порача Ларкин преку Твитер.
Се очекува Ларкин да дебитира за Турција на турнирот во Канада што ќе биде квалификациски за пласман на Летните олимписки игри во Токио. Турците таму ќе играат со селекциите на Уругвај, на Чешка, Грција, Кина и Канада.