Лех Валенса: Варшава е поблиска со Москва отколку со Вашингтон

За Варшава и за Москва е императив да ги подобрат односите, да го надминат проблематичното минато и да напредуваат, изјави поранешниот претседател на Полска, Лех Валенса, додавајќи дека од раздорот има корист само некоја трета страна.

Иако односите меѓу Полска и Русија не беа особено топли во последните децении, тие може да се затоплат ако и двете страни придонесат, изјави Валенса за рускиот неделник „Собеседник“.

„Дури и сега овие односи можат да бидат добри. Кога се караме, само трети страни победуваат. Варшава секогаш беше поблиска со Москва отколку со Вашингтон“, додаде Валенса.

Тој истакна дека Полска и Русија заслужуваат да живеат во мир и пријателство и покрај сите загуби што ги имаа и двете страни. Покрај тоа, смета Валенса, остатокот од Европа ќе се тресе откако историските соседи ќе се помират.

Варшава ги заостри односите претходно годинава кога поранешниот премиер и лидер на владејачката партија Закон и правда, Јарослав Качински, тврдеше дека Русите се „виновници“ за започнувањето на Втората светска војна. Заменик-министерот за надворешни работи Павел Јаблонски побара Русија да плати отштета за, како што рече, воените злосторства и окупацијата во текот на неколку децении.

Прашан за коментарот на Јаблонски, Валенса го исмеа.

„Тоа е исто како да побарам да ми ја вратат младоста. Но, таа веќе помина … Ние мора да одиме напред – ова е важно“.

Поранешниот претседател, кој стана познат како лидер на прозападното, антикомунистичко движење „Солидарност“, рече дека таквиот детант да се оствари додека не се тргне актуелната десничарска влада.

„Се држам подалеку од нив. Не гласав за нив“, изјави Валеса. „И, исто така не ми се допаѓа фактот што тие не можат да ги подобрат врските со Русија. Во принцип, ги чекам новите избори во мај 2020 година“.

Треба да знаете
Последни објави