Потпретседателот на СДСМ Коста Петров денеска во Прилеп се состана со раководството на компанијата „Витаминка”.
-Заложба на СДСМ е заедно со компаниите да креираме и реализираме политики, со кои ќе им помогнеме на моќните македонски брендови да бидат уште поуспешни, истакна Петров.
На средбата со раководството на Витаминка стана збор креирање на политики, кои обезбедуваат подобри и порелаксирани услови за работа за компаниите.
Петров рече дека силни компании како Витаминка се голема испирациjа, бидејќи насекаде го веат македонското знаме.
Вакви успешни компании претставуваат поттик за младите да започнат сопствен бизнис и пример како може да се успее со посветеност и истрајност, нагласи потпретседателот на СДСМ Коста Петров при посетата на компанијата Витаминка во Прилеп.