) – Владеење на правото, транспарентност и отчетност, намалување на нерамномерниот регионален економски развој, како и намалување на невработеноста, се клучните столбови на економската плтаформа на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) што денеска беше презентирана пред раководството на ДУИ.
Членките на Комората на средбата укажаа дека бараат и максимална нивна вклученост при донесувањето на законите.
Посебен акцент во разговорите беше ставен на инфраструктурното уредување на зоната Визбегово, на изградбата на автопатот Скопје – Блаце, како и на отворањето на царинскиот терминал во Јажинце.
Како што изјави претседателот на СКСЗМ, Неби Џоџа, во пресрет на предизборниот период пракса е Комората да остварува консултативни средба со политичките партии.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ја оцени средбата како задоволителна и рече дека нема суштински разлики меѓу Платформата на СКСЗМ и економската програма на ДУИ.
-Уште еднаш апелирав до Комората за комуникација, соработка и идеи во сите области поврзани со развојот на земјата, така што останува сите покренати прашања да бидат интегрирани во програма со која ќе бидат согласни страните, истакна Ахмети.
Минатата недела СКСЗМ во своите простории одржа работен состанок и со претставници на Алијанса за Албанците, а претходно имаше средба и со економскиот тим на СДСМ, предводен од Зоран Заев.