– Мора да докажеме нешто, е описот на Кошаркарскиот сојуз на САД на Твитер со кој се најавува составот на американската репрезентација за олимписките Игри во Токио.
Грег Попович го скрои списокот. Додуша е широк и опфаќа дури 44 играчи, но кој од кој подобар, па веднаш е етикетиран како нов дрим тим. Дел од планираните кошаркари се повредени и прашање е дали ќе се опорават навреме, меѓутоа, сеедно, одбрани се најдобрите во НБА лигата.
Попович за Токио планира на: Бам Адебајо, Ламаркус Олдриџ, Херисон Барнс, Бредли Бил, Девајн Букер, Малколм Брогдон, Џејлен Браун, Џими Батлер, Мајк Конли, Стеф Кари, Ентони Дејвис, Демар Дерозан, Андре Драмонд, Кевин Дурент, Пол Џорџ, Дрејмонд Грин, Џејмс Харден, Монтрезел Харел, Џо Херис, Тобајас Херис, Гордон Хејворт, Двајт Хауард, Брендон Инграм, Кајл Ирвинг, Леброн Џејмс, Кајл Кузма, Кавај Ленард, Демијан Лилард, Брук Лопез, Кевин Лав, Кајл Лаури, Џавал Мекги, Крис Мидлтон, Донован Мичел, Виктор Оладипо, Крис Пол, Мејсон Пламли, Маркус Смарт, Џејсон Тејтум, Клеј Томпсон, Мајлс Тарнер, Кемба Вокер, Расел Вестбрук, Дерик Вајт.
Асистенти на Попович во стручниот штаб ќе бидат Стив Кер Лојд Пирс и Џеј Рајт кој е тренер на една од универзитетските екипи во САД.