Семејна драма се случувала вчера во скопската населба Ченто, информираше МВР.
-На 09.02.2020 во 12.30 часот во СВР Скопје, Л.А.(53) од Скопје пријавила дека околу 12 часот на улица Фуштанска, поради нарушени семејни односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу неа и нејзиниот зет М.З.(28) од Скопје, велат од МВР.
Очигледно дека жената не била задоволна од реакцијата на полицијата, па нејзините синови ја зеле правдата во свои раце.
-Во 16.00 часот М.З. пријавил дека околу 15.40 часот, поради претходниот настан, со метален предмет бил физички нападнат од Д.А. и В.А., синови на Л.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.