Додека повеќето познати дами на Оскарите се појавија во креации од најновите колекции на дизајнерските куќи, актерката Елизабет Бенкс носеше фустан што го нашла во нејзиниот орман.
Таа на забавата на „Венити фер“ се појави во прекрасен црвен фустан што веќе го носеше на Оскарите во 2004 година.
Покрај тоа што одлично ѝ прилегаше, многумина коментираа дека актерката воопшто не се променила од пред 16 години кога првпат го носела фустанот.
https://www.instagram.com/p/B8YZjRPAsNt/
Во 2004 година, таа го дополни својот изглед со гламурозни висечки обетки, кои ги истакна обликувајќи ја косата во пунџа.
Овој пат таа ја пушти косата слободно да ѝ паѓа и остави многу посилен впечаток отколку дамите во најновите фустани.