Според првичните резултати од гласањето на парламентарните избори во Република Ирска, партијата на премиерот Лео Вардакар, „Фин Гејл” освоила најмногу или 22,4 отсто од гласовите, втора е „Шин Фејн” со 22,3, следена од „Фина Фоли” со 22,2 отсто подршка од избирачите, соопштија ирските медиуми.
-„Шин Фејн” е подготвена да влезе во ирската Влада и ќе биде недемократски таа да се исклучи, рече лидерката Мери Лу Мекдоналд, откако излезните анкети покажаа дека нејзината партија на изборите во саботата се избори за можноста да формира влада.
„Не прифаќаме исклучување или разговори за исклучување на нашата партија која сега претставува една четвртина од избирачите и мислам дека тоа ќе биде фундаментално недемократски”, рече Мекдоналдс пред новинарите во Даблин.
Фин Гејл и Фина Фојл, двете партии на десниот центар, кои речиси 100 години доминираат со ирската политика, ја отфрлија можноста за коалициска влада со Шин Фејн, која е поранешното политичко крило на Ирската републиканска армија (ИРА)
Ирскиот премиер Лео Варадкар кажа дека коалиција меѓу неговиот Фин Гејл и Шин Фејн не е опција, и дека такви две партии не се „компатибилни”, пренесоа британските медиуми.
-За нас коалицијата со Шин Фејн не е опција, но подготвени сме да разговараме со другите партии, рече Варадкар.
Партијата Фина Фојл од претходно ја отфрли можноста за коалиција со Шин Фејн.