Шефќет Халачи и Сами Укшни осудени на 40 години затвор за кумановските настани во 2015 и Валдет Зекај осуден на доживотен затвор, се дистанцираат од сите изјави од Ел Чека, кои ја минираат меѓународната истрага за политички монтираните случаи.
Вака почнува постот на Фејсбук профилот на осудениот Халачи, кој меѓу другото додава дека тие биле против организирање на протестите, но тие се случувале без нивна волја.
– Ние не ги споделивме снимените материјали за некој политички или финансиски да има придобивки на наш грб и на сите Албанци кој скапуваат во затворите за монтирани политички случаи. Единствен политички субјект кој јавно се изрази дека ќе го условува новото парламентарно мнозинство со меѓународна истрага за политички монтираните случаи беше Алијанса за Албанците, затоа и ние јавно ја поддржавме”, пишува Халачи на неговиот Фејсбук профил.
Истовремено тој нагласува дека нема да дозволат некој да излезе на пратенички листи и да го оцрни нивниот имиџ за ниски политички цели.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=168902851074413&set=a.103967224234643&type=3