Македонскиот документарец „Медена земја“ не освои Оскар во двете категории во кои беше нoминиран. Во категоријата за најдобар странски филм од неанглиско подрачје златната статуетка заврши во рацете на јужнокорејскиот филм „Паразит“ додека во категоријата најдобар документарен филм Оскарот го доби „Американска фабрика“.
Во категоријата меѓународен филм покрај „Медена земја“ и јужнокорејскиот „Паразит“, беа и „Корпус Кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција и шпанскиот „Болка и слава“.
„Медена земја“ е првиот документарец номиниран за „Оскар“ во две категории, со што се впиша во филмската историјата.
Документарниот филм во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска е третото остварување од Македонија номинирано за „оскар“ по „Пред дождот“ на Милчо Манчевски и „Дае“ на Столе Попов.