Секретаријатот за енергетска заедница (ЕЗ) повторно ги повика надлежните институции во Западен Балкан внимателно да ја разгледаат политиката на субвенционирање на термоелектрани со јаглен.
ЕУ во соопштение наведува дека во јуни минатата година објавила „студија за директни и скриени субвенции со кои го помагале секторот со јаглен на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Северна Македонија, Косово и Украина во периодот од 2015 до 2017 година”.
Договорот за енергетска заедница потпишан од регионот експлицитно забранува субвенции што можат да ја загрозат конкуренцијата со тоа што се залага за производство на енергија од еден извор.
„Бидејќи државната помош може да ја наруши конкуренцијата и да влијае на прекуграничната трговија со енергија, контролата на помошта дадена од властите е клучна за воспоставување регионален пазар на енергија”, се вели во соопштението.