Реакција на прес- конференција на Димче Арсовски од ВМРО- ДПМНЕ
Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја префрлаат топката за скандалот со медицинскиот отпад на СДСМ, кога фактите зборуваат за сосема нешто друго. Одговорноста за овој огромен скандал води директно до луѓе блиски на ВМРО-ДПМНЕ, блиски до Груевски и неговиот извршител Христијан Мицкоски. Започнувајќи од сопственикот на Еко клуб компанијата која крајно несоодветно го третирала медицинскиот отпад, па директорот на Дрисла Горан Ангелов, исто кадар на Груевски и некогашен кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Обвинителката во предметот, која два месеца се немаше изјаснето за истражната постапка, повторно кадар на ВМРО-ДПМНЕ, поставена од Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска. Вистината не може да се сокрие, кога тогаш ќе излезе. Мрежата составена од лица од ВМРО-ДПМНЕ со години свесно и заради профит ги труеле граѓаните и ја загрозувале животната средина.
Очигледен беше и очајниот обид на извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски и раководството во белиот дворец да го заташкаат случајот , посебно откако се потврди дека токму ВМРО-ДПМНЕ е најодговорна за овој скандал. Затоа граѓаните на 12 април ќе порачаат режим – никогаш повеќе и ќе ги казнат ВМРО-ДПМНЕ за деструктивните политики кон нив и кон државата.