– Кога ќе навлезете во одредена фаза од животот, родендените не се слават, порача легендарниот хрватски тренер, Ќиро Блажевиќ кој денеска полни 85 години.
„Баш гледам некролози. Овие од мојата генерација полека заминуваат, само јас не се давам. Уште нема да се ослободите од мене, уште долго ќе бидам со вас”, коментира Блажевиќ во негов стил за хрватскиот портал „24sata.hr“.
Родендените, вели, ги слават младите, повозрасните тагуваат за нив.
„Не излегувам. Седам дома. Некако се плашам. Кога бев млад, можев се. Двапати го победив ракот, а сега постојано мислам да не ми се случи нешто”, додава Блажевиќ.