Во Северна Ирска денеска се венчаа две лезбијки и станаа прва истополова брачна двојка откога законот, кој дозволува хомосексуални бракови, вчера стапи во сила.
Робин Пиплс (26) и Шарни Едвард (27) се венчаа во градот Карикфергус.

(Фото: ЕПА)
„Ова е нереално, ни се оствари сонот“, рекла Едвардс и додала дека не очекувала оти ќе бидат прва хомосексуална двојка што ќе се венча и дека тоа било коинциденција. Таа рекла дека со Робин биле заедно шест години и дека долго време сакале брак.
Британските пратеници го усвоија законот во јули минатата година, а децентрализираната влада на таа британска провинција беше суспендирана три години по политичко-финансиски скандал.