Од болница побегнале Русинки за кои постојат сомнежи дека имаат коронавирус

Две Русинки, од кои едната е бремена, а биле во болнички карантин под сомнение дека се заразени од коронавирус, побегнале од руска болница, поради, како што тврдат, лошите услови и дека таму таму навистина ќе се заразат.

Едниот од нив скокнала низ прозорец, додека другата побегнала откако го деактивирала електронското заклучување.

Тие, исто така, се пожаличле и на слабата соработка со лекарите, објави АП, истакнувајќи дека руските здравствени работници не се огласиле во врска со овој настан.

Станува збор за Русинки кои престојувале во тропскиот кинески регион Хајнан.

Синот на една од жените се разболел откако се вратиле од Кина.

Тој бил примен во болница каде резултатите од тестот за коронавирус биле одложувани, а момчето во меѓувреме било подобро.

Жената по неколку дена открила дека е бремена, по што таа и нејзиниот син од карантин побегнале низ прозорец.

Таа тврди дека медицинскиот персонал не носел соодветна заштитна опрема.

Таа, наводно, била испрашувана од полицијата во нејзиниот дом, но не е поднесена никаква пријава.

Другата жена објавила дека почнало да ја боли грло неколку дена откако се вратила од Хајнан во Санкт Петербург.

Иако тестот за вирусот бил негативен и било речено дека мора да остане во карантин две недели. Незадоволна од тоа, таа го деактивирала електронското заклучување на нејзината соба и побегнала.

Треба да знаете
Последни објави