Од појавата на епидемијата ова е трет пат како кинескиот лидер зборува за превенцијата и контролата на заразата.
Пред ова, тој претседаваше со две седници на Постојаниот комитет на Политбирото на Централниот комитет на Кинеската комунистичка партија, на кои упати важни насоки. Си го слушна извештајот на Раководната група на ЦК на ККП за борбата со епидемијата во Хубеи и извештајот за соодветната работа во Пекинг.
Неговиот говор ја покажува загриженоста за народот и неговата одговорност кон нацијата, ги поставува основите и целите за следните чекори во борбата со епидемијата и внесува нова сила за кинеското општество за справување со заразата, пренесе „Радио Кина”.
„Епидемијата е демон и ние не можеме да го оставиме демонот да се крие, кажа Си.”