Тркалезна маса во МАНУ за значењето на регулаторните институции за функционална пазарна економија 

Во организација на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев” при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), денеска ќе се одржи тркалезна маса на тема „Значењето на регулаторните институции за изградба на функционална
пазарна економија во Република Северна Македонија”.

Тркалезната маса ќе ја отвори академик Таки Фити, а воведно излагање ќе има професорката Даниела Мамучевска од Економскиот факултет при УКИМ.

Како што најавува МАНУ, ќе присуствуваат претставници од академската заедница, универзитетски професори на кои им е блиска оваа проблематика, претставници од регулаторните институции, претставници од Стопанските комори и други учесници.

Треба да знаете
Последни објави