УЕФА призна дека судијата Роки го оштети Ајакс во Лондон

Италијанскиот фудбалски судија Џанлука Роки направил голема грешка на штета на Ајакс во мечот со Челзи во Лондон од Лигата на шампиони.

Холанѓаните имаа 1:4 на полувреме по што Роки исклучи двајца фудбалери на гостите (Блинд и Фелтман) и досуди два пенала за домашните кои се вратија во живот и на крајот успеаја до бод (4:4).

Европската Куќа на фудбалот на последниот состанок реши да ја признае грешката на Роки кој ја оштетил екипата на Ајакс за која ремито значеше елиминација во групната фаза во ЛШ.

Спортскиот директор на Ајакс, Едвин ван дер Сар, рече дека клубот нема да поднесе жалба бидејќи е „бескорисна и безнадежна за нешто што направила УЕФА”.

Треба да знаете
Последни објави