Неколку дена по смртта на свекорот Кирк Даглас, Кетрин Зета-Џонс го претстави новиот четвороножен член на семејството, кутрето Тејлор.
50-годишната актерка во вторникот на својот Инстаграм сподели видео со своето милениче, Тејлор Даглас.
„Го претставувам Тејлор Даглас на светот,“ стои во насловот на видеото на Инстаграм.
„Кучето е малтипу, добиено со вкрстување на Малтазер и пудлица, напиша Кетрин откако еден корисник на Инстаграм прашал за неговата раса.