Милошоски пушти „бомба“ во Собранието: Заев знаел со чии пари Боки прави телевизија

Пратеникот Антонио Милошоски пред пратениците во Комисијата за европски прашања пушти аудио запис, во кој, според него, се слуша глас на лице со иницијали З.З. (алудирајќи на  поранешниот премиерот Зоран Заев), кој разговара со друго лице за обвинетиот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13.

-Овој транскрипт фрла мала светлина, зошто никој не сака нелегално снимени разговори да бидат докази во судските постапки- рече Милошоски пред пратениците.

Милошоски рече дека снимката ја добил од свиркач, кој го замолил да се објави со цел јавноста да биде запознаена со неправдите.

-Mу требаат пари во телевизијата и прави комбинации. Го прашав, oд каде парите за телеизијата, ми рече од Хрватска, но главно од Циле, (Силјан Мицевски) за старечките домови – рече Милошоски, читајќи го траскриптот.

Видео: А1он

Треба да знаете
Последни објави