Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени го погоди денес брегот на Јапонија, на околу 80 километри од Фукушима, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Се додава дека предупредување за цунами не е издадено.
Повеќе детали во овој момент не се познати.
Централата Фукушима Даичи беше центар на голема нуклеарна катастрофа, во јапонската префектурата Фукушима во 2011 година.
Катастрофата беше најтешката нуклеарна несреќа по Чернобил во 1986 година.
Несреќата започна со земјотрес, по кој следуваше и цунами во петок на 11 март 2011.