Задолжителни маски во болниците во Виена

Здружението на виенски здравствени установи (КАВ) воведе обврска да се носат маски во болниците во австриската престолнина.

Иако досега нема потврдени случаи на инфекција со коронавирусот во Австрија, КАВ се одлучи за мерки на претпазливост.

Сите лица со треска, кашлица или болки во грлото мора да носат маски.

Обврската за носење макси ја означуваат големите постери на пет јазици на влезот во болниците.

КАВ потенцира дека ова е мерка која исто така се препорачува против ширење на грип, кој е во полн ек во Австрија.

Треба да знаете
Последни објави