Мизрахи не очекува да биде разрешена

, побара од пратениците.

Предлогот на Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска побара од пратениците  разрешување на техничката министерка за труд, Рашела Мизрахи. Предлогот попладнево стигна во Собранието, а пратениците за разрешувањето на Мизрахи ќе одлучуваат на наредната собраниска седница.

Мизрахи пак во телефонски разговор за „Телма“ вели дека не очекува пратениците да ја разрешат. Тврди не е виновна за ништо.

„Не очекувам да бидам разрешена, не направив ништо и не сум виновна за ништо. Апсолутно ќе ја почитувам одлуката на пратениците каква и да е, бидејќи тие ме назначиле , тие можат и да ме разрешат. Министерството и пред мене било предупредено дека не била сменета таблата, но и во  буџетот за 2020  не е предвидена таква набавка. Јас не сум одговорна за неспроведување на законот на мојата претходничка, изјави Мизрахи за Телма.

Треба да знаете
Последни објави