Бројот на заразени лица од коронавирусот во Кина опаѓа, додека бројот на починати се искачи на 1.113 лица, соопшти здравствената комисија во земјата.
Вчера 97 лица починаа како последица на коронавирусот во Кина, пренесува „АП“.
Вкупно 2.015 заразени лица се потврдени во Кина во претходните 24 часа, што претставува пад на бројот на заразени веќе втор последователен ден.
Вкупниот број случаи во Кина достигна 44.653, иако многу експерти тврдат дека не се регистрирани голем број заразени случаи.