Историската оскаровска ноќ за „Паразит“ е добар вест за планираната телевизиска серија базирана на истоимениот филм.
Според „Холивуд репортер“, лимитираната серија заснована на мрачниот комедија-трилер е веќе во почетна фаза.
Филмот следи две различни корејски семејства, едно богато и едно сиромашно, и сè што ќе се случи кога сиромашното семејство влегува во животот на побогатото.
„Паразит“ доби четори оскари во неделата – најдобро оригинално сценарио, најдобра режија, најдобар интернационален филм, и главниот оскар, за најдобар филм – прв јужнокорејски филм што освоил оскари во овие категории.
Режисерот Бонг Џун Хо сега работи со американскиот режисер/продуцент Адам Меккеј на кратка серија на Ејч-би-оу (HBO).
Ејч-би-оу е во сопственост на „Ворнер медија“, матична компанија на Си-ен-ен.