Елмас одличен во победата на Наполи над Интер во Милано

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра 90 минути во победата на Наполи против Интер 0:1во првиот полуфинален дуел од Купот на Италија. Елмас играше на лево крило, заземајќи го местото што вообичаено му припаѓа на Лоренцо Инсиње.

Иако не влезе во стопроцентна шанса за гол, Елмас одлично се снајде, даде значителен придонес помагајќи и во одбраната, уште еднаш максимално користејќи ја укажаната шанса од тренерот Гатузо.

Фабијан Руиз беше херојот на „наполитанците“, откако шпанскиот репрезентативец постигна прекрасен погодок од дваесетина метри, сместувајќи ја топката во горниот агол од мрежата на „нероаѕурите“. Интер по примениот гол тргна во целосна офанзива, Конте ги уфрли и Алексис Санчез и Ериксен како поддршка за Лукаку и Лаутаро Мартинез, но Елмас и соиграчите го издржаа притисокот, па во реваншот во Неапол ќе влезат со еден гол предност.

Треба да знаете
Последни објави