Кари се поблиску до враќање на паркетот

Враќањето на Стеф Кари во игра за Голден Стејт се приближува.

Тренерот на „воините”, Стив Кер призна дека ѕвездата на тимот „прави сè повеќе и повеќе работи”, а последната од нив била учество во тренинзи на цел терен, заедно со другите играчи, но без никаква одбрана.

Следниот важен датум за Кари оваа сезона е 1 март, кога тој ќе биде прегледан од специјалист, откако на почетокот на кампањата доби скршеница на раката.

– Тој веќе е вклучен во некои наши не-контакти активности, играјќи во офанзивни ситуации. Ќе имаме повеќе информации наскоро. Но, досега се чини дека се одвива добро, и тој работи на подобрување на неговата кондиција, рече Кер, цитиран од „Атлетик”.

„Воините” имаат најлош скор во НБА оваа сезона – 12 победи и 43 порази.

Треба да знаете
Последни објави