Здружението на јавните обвинители изразува осуда во врска со вчерашното поставување на експлозив во куќата на јавниот обвинител во Кичево

Здружението на јавните обвинители во Република Северна Македонија, во врска со вчерашното поставување на експлозивна направа во куќата на јавниот обвинител во Кичево , ИЗРАЗУВА ЕНЕРГИЧНА ОСУДА.

            ОВОЈ ЧИН ОСВЕН ЗАГРОЗУВАЊЕ НА ЛИЧНАТА СИГУРНОСТА НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ И ЧЛЕНОВИТЕ НА НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО, ПРЕТСТАВУВА СЕРИОЗНА ЗАКАНА И АТАК  ВРЗ ЦЕЛАТА ИНСТИТУЦИЈА И  ПРИНЦИПОТ НА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО ВО НАШАТА ДРЖАВА.

            Ваквиот чин , не само што нема да го поколеба јавниот обвинител во извршувањето на својата функција, претставува поттик за целата институција за уште подоследно извршување во својата функција  И ПРИМЕНА НА ПРИНЦИПОТ НА ЛЕГАЛИТЕТ на гонење на сторителите на кривични дела.

            Осудувајки го овој акт на насилство , ИЗРАЗУВАМЕ СИЛНА ПОДРШКА НА НАШАТА КОЛЕШКА, ДА ИСТРАЕ ВО БОРБАТА ПРОТИВ КРИМИНАЛИТЕТОТ.

            ИСТОВРЕМЕНО ГИ ПОВИКУВАМЕ НАДЛЕЖНИТЕ ОРГАНИ ВО ЧИЈА НАДЛЕЖНОСТ Е ОПЕРЕАТИВАТА ЗА ОТКРИВАЊЕ НА СТОРИТЕЛИТЕ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА , да преземат соодветни мерки за  БРЗО откривањето на сторителот  на овој насилнички акт.

Треба да знаете
Последни објави