Професорот Јове Кекеновски на својот Фејсбук профил ја анализираше актуелната состојба во земјава со функционирањето на техничката влада.
Техничките министри донесуваат одлуки и решенија, дополнителните заменици министри не се согласуваат и не ги потпишуваат. Нула комуникација и соработка. Медиумите им се средство за меѓусебна комуникација. Хаос во Министерство за внатрешни работи, Министрство за труд и социјална политика, Министерство за земјоделие и шумарство, Министерство за финансии. Ништо подобро не е и во другите министерства. Рогови во вреќа. Не се знае кој пие, а кој плака, а уште помалку кој вода носи. Фрустрација е присутна и видлива на сите нивоа.
Тие не можат нормално и човечки да се договорат за тековното функционирање на министерствата и државата, а не да организираат фер, па уште и демократски избори.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1577708589059222&set=a.150840071746088&type=3
Ова ниту било, ниту ке биде.
Македонската извршна власт се повеќе наликува на лудница. Не се знае кој е намерно луд, а кој намерно збунет. Или пак толку им ,,сече” и на едните и на другите и на оние третите кои демек мудро молчат.