На настанот, покрај обраќањето на деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) проф. д-р Иван Чорбев и презентациите на проф. д-р Боро Јакимовски, и проф д-р Владо Спиридонов, свое обраќање имаше и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.
“Од огромно значење е фактот што со својата посветеност, професионализам, знаење и креативна работа академската заедница сериозно се вклучува во обезбедување на апликативни научни решенија за информации и предикции за аерозагадувањето, кое што е еден од најактуелните проблеми во државата. Заедно со науката да работиме на решавањето на проблемите и справување со предизвиците кои не очекуваат.”- истакна Макрадули.
На крајот тој изрази огромна почит кон креаторите на ова решение, и се заблагодари на сите вклучени од Министерството за животна средина и просторно планирање, а особено на Агенцијата за електронски комуникации која го препозна и помогна реализирањето на овој проект.
Апликацијата е достапна за сопствениците на iOS и Android уредите, но истата има и веб верзија (мапа) со временска оска, каде корисниците може да добијат визуелен приказ на загадувањето. Веб верзијата е достапна на aqf.finki.ukim.mk.