Прва средба на министерот Чулев со акредитираните полициски аташеа во земјава  

Министерот аа внатрешни работи Наќе Чулев денеска во турскиот амфитеар во Центарот за обука во Идризово оствари прва непосредна работна средба со меѓународните авторите и партнери кои не поддржуваат во севкупните напори за реформи на полицијата. Денешниов  настан претставува заедничка координативна средба од информативен карактер на претставници на странските акредитирани амбасади  во земјава и во странство и на меѓународни и регионални организации на која беше направена ретроспектива на постигнатите активности во 2019 со јасна споредба на оние постигнати во 2018 година, и беше поставена основа и дадени сугестии  за натамошни компарации при нашите средби оваа 2020 година.

,,Во насока на исполнување на приоритетите и стратешките цели на Министерството за внатрешни работи, но и од аспект на зголемување на траспарентноста и отчетноста за работењето на министерството, од овој месец, започнуваме серија презентации наменети првенствено за полициските аташеа/службеници за безбедност акредитирани во и за земјата,, истакна  во своето поздравно обраќање пред присутните полициски аташеа министерот Чулев .

Треба да знаете
Последни објави