Постарите генерации веројатно се сеќаваат на нејзините интензивни фитнес-дивидија од крајот на 1980-тите, но и покрај намалениот интензитет на тренинзи, Џејн и натаму многу се грижи за своето здравје. Сè уште е активна, секој ден оди на долга прошетка, вежба јога и оди на скијање.
Таа вежбањето го приспособила на нејзината возраст. Оди повеќе, вежба со многу полесни тегови и полека се движи. Фонда не верува во диети, но советува дека треба да се воспостави здрава дневна рутина за јадење и вежбање, денот да се започне со хранлив појадок и повремено да се ужива во нешто што не е најздраво.
Покрај тоа што за својот младешкиот изглед може да се заблагодари на здравиот начин на живеење, актерката неколку пати се подложила на хируршки зафати, кои, според неа, ѝ ја продолжиле актерската кариера за најмалку десет години. Денес, таа е задоволна од својот изглед и не дозволува нејзините години да влијаат врз нејзиниот квалитет на живеење.