Десет лица загинаа во судир на мексикански нарко картели

Државното обвинителство соопшти дека инцидентите се предизвикани од желбата на бандите да добијат контрола во областите на трговија со дрога.

Покрената е операција за апсење на напаѓачите. За картелите наречени Нова генерација Џалиско картел и Лос Виаграс, познато е дека се обидуваат да доминираат во регионот.

Во Мексико, земја со 126 милиони жители, од 2016 година значително е интензивирана борбата против трговијата со дрога.

Според податоците на Секретаријатот за национален систем за јавна безбедност на Мексико, од тогаш повеќе од 300.000 луѓе се убиени. Во 2018 година, пак, се регистрирани 35.964 убиства поврзани со нарко картелите.

Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор претходно изјави дека насилството во Мексико ќе биде намалено со силна и одлучна борба против сиромаштијата.

Треба да знаете
Последни објави