Здружението на јавните обвинители во Република Северна Македонија, во врска со вчерашното поставување на експлозивна направа во куќата на јавниот обвинител во Кичево , ИЗРАЗУВА ЕНЕРГИЧНА ОСУДА.
ОВОЈ ЧИН ОСВЕН ЗАГРОЗУВАЊЕ НА ЛИЧНАТА СИГУРНОСТА НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ И ЧЛЕНОВИТЕ НА НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО, ПРЕТСТАВУВА СЕРИОЗНА ЗАКАНА И АТАК ВРЗ ЦЕЛАТА ИНСТИТУЦИЈА И ПРИНЦИПОТ НА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО ВО НАШАТА ДРЖАВА.
Ваквиот чин , не само што нема да го поколеба јавниот обвинител во извршувањето на својата функција, претставува поттик за целата институција за уште подоследно извршување во својата функција И ПРИМЕНА НА ПРИНЦИПОТ НА ЛЕГАЛИТЕТ на гонење на сторителите на кривични дела.
Осудувајки го овој акт на насилство , ИЗРАЗУВАМЕ СИЛНА ПОДРШКА НА НАШАТА КОЛЕШКА, ДА ИСТРАЕ ВО БОРБАТА ПРОТИВ КРИМИНАЛИТЕТОТ.
ИСТОВРЕМЕНО ГИ ПОВИКУВАМЕ НАДЛЕЖНИТЕ ОРГАНИ ВО ЧИЈА НАДЛЕЖНОСТ Е ОПЕРЕАТИВАТА ЗА ОТКРИВАЊЕ НА СТОРИТЕЛИТЕ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА , да преземат соодветни мерки за БРЗО откривањето на сторителот на овој насилнички акт.