Кошаркарот на НБА-лигашот Портланд, Демијан Лилард, поради повреда ќе го пропушти „Ол-стар” викендот кој од 14 до 16 февруари ќе се одржи во Чикаго. Лилард требаше да игра натпревар меѓи НБА-ѕвездите и да учествува во шутирањет на тројки.
Тој се повреди во дуелот со Мемфис одигран ноќеска. Лилард требаше да игра за екипата на Леброн Џејмс.