Спроводот на Бојан Јовановски од затворот „Скопје” во Шуто Оризари на денешното рочиште за „Рекет“ доцнеше 20 минути, бидејќи како што тврди, при влезот во судницата бил нападнат од затворски службеници, објави „А1он“.
На денешното рочиште треба да бидат пуштена уште една снимка од оние кои осудениот Зоран Милески ги доставил до Обвинителството за организиран криминал и корупција, но јавноста е исклучена од роччиштето.
Директорот на затворот „Скопје“, Есад Рахиќ вели дека не верува оти некој го нападнал Јовановски. Тој дополнително треба да провери што се случило, засега е само информиран дека Јовановски одбил да му се стават лисици.