Во тек е расправа на седницата за Законот за ЈО, на која си реплицираат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и нивите поранешни сопартијци од независната група.
Во една од репликите на пратеничката Емилија Александрова се јави Илија Димовски, кој рече дека партијата стои на ставот дека ако се важат „бомбите“ треба да важат за сите, а не само за претходните обвиненија, како што сега налага законот. Тој смета дека брзањето со законот со изговор дека треба да се донесе заради датумот за преговори е фарса и залажување на народот.
-Нема да има датум во март, нема потреба да се лаже народот. Ви рекоа дека не е важно да се донесе законот, туку како ќе се донесе. Вие имате контакти со амбасадорите и знаате дека они знаат се. Особено за Рекет, и они, верувајте знаат и каде завршила торбата „Луј Витон“ со парите и во кој град, рече Димовски.