Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и Никола Мицевски на почетокот на 136 седница побараа од претседателот Талат Џафери да ја продолжи претходната седница за Законот за ЈО и да се гласа вечерва за истиот, но нивниот предлог беше одбиен.
Димовки побара од Џафери да не биде на дневен ред гласањето доверба за министерката Рашела Мизрахи, но истиот не беше прифатен од пратениците.
-Мизрахи го нема прекршено Преспанскиот договор. Спасовски го има прекрешено Договорот и тоа во полза на Грција. Договорот вели: сите материјали и документи ќе се усогласат со новото име кога ќе биде отворено соодветното поглавје во преговорите со Европската унија. Поглавјето за труд и социјала не е отворено. Вие Спасовски го имате прекршено Преспанскиот договор и тоа во полза на Грција. Ниту поглавјето за внатрешни работи не е отворено, а вие издавате документи со новото име. Затоа предлагам разрешувањето на Мизрахи да се симне од дневен ред, и вие Спасовски да си поднесете оставка поради прекршување на Преспанскиот договор и тоа на штета на својата земја, рече Димовски, рече Димовски.
И тој му рече на претседателот Талат Џафери дека има стотина пратеници во Собранието, а намерно не се гласа за Законот за ЈО зошто немате доволен број на гласови, а уште преставниците на Владата во наредниве два дена како и претходните ќе се пазарите со пратениците, рече Димовски.
Истата забелешка ја даде и координаторот Никола Мицевски, но Џафери рече дека седницата ќе биде накнадно закажана. Мицевски побара од дневен ред да биде тргнато гласањето за Измени на законот за лична карта бидејќи не се запазени роковите, а единствено служи а донесување на глас повеќе за Законот за ЈО. И тоа не беше прифатено.