Седницата за законот за ЈО пак беше прекината по барање на независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ откако во говорот на Антонио Милошоски беше прозван еден од „независните“, Крсто Мукоски.
Милошоски го посочи пратеникот како пример како Зоран Заев преговарал за доесување на закони, одноно дека Мукоски преу ноќ од терорист и криминалец, откко гласал за Договорот од Преспа веќе не бил тоа и добивал тендери од Владата.
-Го нарекуваа терорист. Не знам дали го смениле мислењето, но очигледно е дека тендерите се поважни од употребата на Јавното обвинителство, на селективен начин. Дел од луѓето на кои тој им ја отвори вратата се во затвор и нивните деца немаат татко како што неговите имаат. Затоа Мукоски одлучи да ги изневери граѓаните кои го гласале, рече Милошоски
На тоа му реплицираше Мукоски, кој го обвини Милошоски дека тој треба да лежи во затвор за 27 Април.
-Јас за несовесната грешка на 27 април 2017 година си го одлежав своето. Жал ми е што вие не одговарате. Заедно со избеганиот ја насочувавте толпата да оди горе оти таму е Зоран Заев. Жал ми е што ВМРО-ДПМНЕ е заложник на два-тројца криминалци како вас и што се претворивте во партии како Златна Зора во Грција или Радикалите на Шешељ. А фирмата постои од 1974 година, ја „тресеа“ 6 месеци УЈП и сите инспекции, и пак нека дојдат да истражуваат. А уште од самото основање, патот на партијата ВМРО-ДПМНЕ е кон ЕУ струкури, ова не беше основата, изјави Муковски.
Тој истакна и дека не очекувал Милошоски така да ја почне денешната дебата, оценувајќи ги неговите денешни тврдења како типичен пример на уплашен човек, криминалец којшто знае дека еден ден треба да одговара пред законите на оваа држава.
Во однос на фирмата за која го прозива Милошоски посочи дека инспекциите и Управата за јавни приходи иако вршеле контроли не нашле ништо.
– Кога зборувате за фирмата Атриум да ви кажам неколку збора. Таа фирма постои од 1974 година кога што сум роден јас. Работела во Словенија до 1990 година до распадот на Југославија. Земала тендери во многу власти во оваа држава и ќе зема тендери на легален и законит начин. Тоа што го спомнавте кога СДСМ дојде на власт, да точно е, обвинуваа, меѓутоа фирмата ја тресеа шест месеци и УЈП и финансова полиција и сите можни инспекции и не најдоа ништо. И денес ве молам на ова обвинение да го пријавите овој случај повторно нека дојдат да испрашуваат.