Млад брачен пар од Битола од денеска ќе вози автомобил MINI ONЕ кој го доби од инстант лозот Мини Макси.
Лилјана и Илија Ванчовски, се верни играчи на игрите на среќа на Државна лотарија, среќните добитници чија свадбена прослава се одржала на 25ти октомври, на свадбената покана напишале дека наместо цвеќе и бонбониери би сакале да добијат инстант лозови. Од многуте коверти со инстант лозови кои се специјално дизајнирани и наменети за ваков вид на прослави имале помали добивки за кои на продажното место Димпо во Битола, направиле замена исклучиво со инстант лозот Мини и Макси посакувајќи еден од атрактивните автомобили.